Канцеларијата на британскиот комесар за информации ги истражува тврдењата дека персоналот на приватна лондонска клиника, чии услуги често ги користат членовите на кралското семејство, и каде што таа беше оперирана во јануари, го прекршил правото на приватност на медицинските досиеја на принцезата од Велс – Кејт Мидлтон.
Дејли Мирор тврди дека персоналот во лондонската клиника „се обидел да пристапи до нејзините приватни медицински досиеја“, има „извештај за прекршување“ и се истражуваат тврдењата, објави Би-Би-Си.
Според Мирор, најмалку еден член на персоналот во клиниката бил фатен како се обидува да пристапи до медицинските досиеја на Кејт.
Весникот наведува дека е покрената внатрешна истрага во приватната лондонска болница каде во последните месеци се лекуваа принцезата од Велс и британскиот крал Чарлс Трети.
Кејт беше подложена на операција на абдоменот во јануари и се повлече од јавните обврски додека закрепнува. Се надгледува спроведувањето на регулативите за заштита на податоците и слободата на информации.
Портпаролот на Кенсингтонската палата одби да ја потврди или негира информацијата, велејќи дека се работи за клиниката во Лондон.