Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјави дека руските непријатели „не разбираат со кого си имаат работа“.
„Русија е таква заедница на луѓе обединети со заеднички цели, без разлика на етничката или верската припадност. Имаме заедничка култура, нешто што не обединува сите“, рече Путин за време на разговорите со лидерите на парламентарните групи во Државната дума, пренесе Тасс.
Тој додаде дека „непријателот нема да успее да го заплаши рускиот народ“.
„Неодамна реков дека непријателот одлучи да го заплаши рускиот народ, мултинационалната заедница на Русија. Тоа никогаш не се случило, ниту ќе се случи. Обидите на непријателот да ги заплаши Русите имаат спротивен ефект“, рече Путин.
На неодамна одржаните претседателски избори Путин освои 87,28 отсто од гласовите и си обезбеди нов мандат.