Јужнокорејски танкер се преврте рано утринава кај остров во југозападна Јапонија, а крајбрежната стража соопшти дека спасила четворица членови на екипажот и се уште трага по седум исчезнати.
Крајбрежната стража соопшти дека добила повик за помош од танкерот за хемикалии Keoyoung Sun. Во повикот се вели дека тој се превртел додека барал засолниште во близина на јапонскиот остров Муцура поради лошите временски услови.
A South Korean tanker overturned near a southwestern Japanese island early on Wednesday morning
Japan’s Coast Guard reported the successful rescue of four crew members and ongoing efforts to locate the remaining seven who are currently unaccounted for. pic.twitter.com/4SjeiuQQyN
— Dan Mutungi (@dannmuts) March 20, 2024
Островот се наоѓа веднаш до југозападниот крај на главниот јапонски остров Хоншу, на околу 1000 километри од Токио. Бродот подоцна целосно се превртел, соопшти крајбрежната стража. Снимките на телевизијата НХК покажаа дека бродот целосно се превртел. Не е позната состојбата на спасените членови на екипажот.
Телевизијата NHK објави дека во екипажот имало Кинез, двајца Јужнокорејци и осум Индонезијци. Засега не се познати други детали, вклучително и како се превртел бродот.