„Тоа не е точно“: Песков по еден месец одговори на тврдењата на Јулија Навалнa

16-peskov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков изјави дека не е точна изјавата на вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија дека нејзиниот сопруг е убиен во руски затвор.


„Тоа не е точно“, рече тој како одговор на нејзината изјава дека Навални е убиен, пренесува Риа Новости.

Песков претходно изјави дека Москва смета дека изјавите на западните политичари за смртта на Навални се срамота и неприфатливи.

Руското Министерство за надворешни работи истакна дека реакциите од странство за смртта на Навални биле „однапред подготвени“ – и дека тие се појавиле 15 минути по пораката на Федералната поправна служба за смртта на Навални, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Западот немал право да се меша во руските внатрешни работи во врска со смртта на Навални.

Федералната поправна служба на 16 февруари објави дека Навални се чувствувал лошо по прошетката, изгубил свест и починал, а според неофицијални прелиминарни податоци добил згрутчување на крвта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK