Северна Кореја истрела балистичка ракета за прв пат по два месеци, итно сe огласи Америка

severna-koreja-raketa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето источно од Корејскиот полуостров, објави началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.


Лансирањето се случи за време на посетата на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во Јужна Кореја каде присуствува на демократскиот самит на претседателот на таа земја, Џун Сук Јеол, пренесува Ројтерс.

Јапонската крајбрежна стража исто така објави дека биле лансирани три објекти слични на балистички проектили, два во исто време, а следниот околу 37 минути подоцна.

Премиерот Фумио Кишида на парламентарна седница изјави дека севернокорејски проектили паднале во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, сите надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, и дека не е забележана штета и нема повредени.

Американскиот Стејт департмент го осуди лансирањето, велејќи дека тие претставуваат закана за соседите на Северна Кореја и ја поткопуваат регионалната безбедност.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека посветеноста на САД за одбрана на Јужна Кореја и Јапонија останува силна, пренесува „АП“.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, рече дека САД секогаш ќе соработуваат со Јужна Кореја за да одговорат силно на провокациите на Северна Кореја, соопшти претседателската канцеларија во Сеул, откако Пјонгјанг истрела повеќе балистички ракети со краток дострел кон Источното Море.

Блинкен ја испрати оваа порака за време на состанокот со претседателот Џун Сук-Јол на маргините на третиот Самит за демократија, чиј домаќин е Јужна Кореја оваа недела, пренесува „Јонхап“.

„Секретарот Блинкен рече дека САД секогаш ќе стојат покрај Јужна Кореја за силно да одговорат на провокациите на Северна Кореја и да обезбедат мир и стабилност на Корејскиот полуостров“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека првиот американски дипломат повикал на продолжување на блиската координација и комуникација меѓу сојузниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK