Инцидент на аеродром: пијана ја исфрлиле од авион, па почнала да ги навредува полицајците поради големината на гениталиите

Screenshot-2024-03-16-192009.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Необичен инцидент се случил на летот од Далас за Колумбија, кога пијана патничка почнала да го навредува персоналот, исмејувајќи се со големината на гениталиите и ниските плати на полицајците, пренесува Дејли мејл.


Жената која одбила да им го даде името на полицајците кажа дека испила само две „многу силни“ водки во барот на аеродромот, но пелтечеше за време на апсењето.

Полицијата за инцидентот била известена откако жената со телефонот удрила тројца вработени во „Американ ерлајнс“.

Цело време таа викаше, ги навредуваше и ги исмејуваше нивните плати од 60.000 долари, големината на пенисот, сексуалниот живот и врескаше за нејзиниот статус на чест патник.

Од она што полицијата успеала да го утврди, проблемите започнале кога таа се обидела да се качи на летот. Една вработена изјавила дека ѝ рекла оти мора да го намали бројот на рачните торби бидејќи има премногу, што ја налутило.

„Реков ок, само оди. Кога стигна до вратата, почна да вика и да пцуе од непознати причини“, изјавила таа во полиција.

Пилотот излегол од авионот и ѝ рекол дека не може да лета бидејќи се однесувала непристојно и со струјардесите.

Таа станала агресивна и почнала да снима на нејзиниот телефон, доаѓајќи лице в лице со тројца вработени кои рекле дека се удрени.

Двајца рекоа дека сакаат да поднесат обвиненија за напад.

https://www.youtube.com/watch?v=LFEPbySj09c

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK