На Гранчен премин Табановце вчера во 15:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.Б.(43), по негово кажување, од Палестина, кој при пасошка контрола и проверка, на увид дал романска лична карта, за која било утврдено дека е фалсификувана.
Лицето, како што информираат од МВР, било спроведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.