Утрово околу 7 часот и 30 минути на улицата Шекспирова на Лиман во Нови Сад, едно лице се фрлило од четврти кат од зградата.
Според портпаролот на новосадската Итна помош, д-р Зоран Круље, нивна екипа интервенирала утрово во 06:36 по прв приоритет во улицата Шекспирова на број 22.
На местото на настанот без знаци на живот било пронајдено повозрасно лице (65). За жал, лекарскиот тим само на лице место можел да констатира смрт.