Во седишето на УЕФА во Нион, се одржа ждрепката, по која ги добивме четвртфиналните двојки и полуфиналниот костур во Лигата на шампионите. Осум екипи останаа во трката за најпрестижната титула во клупскиот фудбал, три шпански (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид), по две англиски (Манчестер сити и Арсенал) и германски (Баерн Минхен и Борусија Дортмунд) и францускиот првак ПСЖ.
Најголемо внимание во оваа фаза привлекува дуелот на актуелниот европски првак Манчестер сити и најтрофејниот клуб во ЛШ, Реал Мадрид.
Арсенал-Баерн Минхен
Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд
Реал Мадрид-Манчестер сити
ПСЖ-Барселона
Костурот за полуфиналето:
Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд/ ПСЖ-Барселона
Арсенал-Баерн Минхен/ Реал Мадрид-Манчестер сити
Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 9. и 10.април, реваншите се на 16. и 17. април.
Финалето на овогодинешната Лига на шампиони ќе се игра во Англија, поточно на стадионот „Вембли“ на 1 јуни.