Фотограф за скандалот со принцезата Кејт: Оставете ја на мира, таа го направи тоа за доброто на децата

kate-middleton-and-prince-william-anniversary-photo-t.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако многу фанови забележаа дека принцезата од Велс Кејт Мидлтон ја уреди својата фотографија на која позира со трите деца за Денот на мајката, британскиот фотограф Ранкин, кој инаку е познат по портретите на Бјорк, Кејт Мос, Мадона, Дејвид Боуви и кралицата Елизабета Втора, реши да го искоментира скандалот.


Ранкин смета дека принцезата не треба да биде критикувана.

„Оставете ја на мира! Таа беше во болница пред два месеци. Нејзиното извинување не беше неопходно бидејќи тоа е лична фотографија што ја објави за Денот на мајката. Луѓето ја критикуваат само затоа што мислат дека ја поседуваат“, изјави славниот фотограф.

Промените ги направила, смета тој, за да ги претстави своите деца во најдобро светло.

View this post on Instagram

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)

„Кога снимате деца, морате да им го правите забавно, морате да ги ангажирате и морате да го направите тоа брзо. Ако не сте професионалец, не правите ништо од тие работи“, заклучи Ранкин.

Откако беше откриено дека нејзината фотографија е едитирана, Кејт реши да се извини. И покрај повиците да се објави оригиналната слика, палатата Кенсингтон инсистираше на тоа дека нема повторно да ја објави необработената фотографија од Кејт и нејзините деца.

„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со уредување. Сакам да се извинам за секаква конфузија предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека на сите што слават им беше среќен Денот на мајката”, рече Кејт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK