Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека новиот предлог за примирје во Појасот Газа, кој претставниците на Хамас го претставија пред посредниците, „се уште се заснова на нереални барања“.
Во соопштението се вели дека ажурираните информации за ова прашање ќе бидат претставени на воената влада, пренесува Ројтерс.
Палестинската милитантна група Хамас претходно објави дека им ја претставила на посредниците во потенцијалниот договор со Израел својата „визија за мировен договор заснован на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“.
Преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан, месецот на муслиманскиот пост што започна во неделата, со посредство на САД, Катар и Египет, не дадоа резултати, иако сите страни изразија надеж дека е можен договор.