Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Кратово го посети полицискиот службеник Зоран Стојановски на кого пред неколку дена во пожар целосно му изгоре семејната куќа.
Во пожарот тој и неговото семејство го изгубија сето она што целиот свој живот го градел со својата полициска плата, а покрај изгубениот дом нарушена е и нивната животна егзистенција, извести МВР.
Министерот Тошковски го увери Стојановски дека во овие моменти не е сам и дека ќе стори сè што е потребно во рамките на неговите можности со цел да се излезе во пресрет на неговите потреби во овие тешки моменти.
„Солидарноста отсекогаш била карактеристика на полициските службеници и во таа насока испратив телеграма до сите вработени во министерството за внатрешни работи со која ги повикав на доброволна основа да донираат средства кои во овие моменти се неопходни за нашиот колега да го обнови својот дом.“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски ги повика и сите хумани граѓани во рамки на своите можности да помогнат и да донираат средства на следната трансакциска сметка:
300007082346687, Комерцијална банка, Зоран Стојановски.