Бујар Османи е едноставно курбан без бајрам на ДУИ на овие избори. Тој никогаш не може соодветно да ги претставува Албанците, велат од коалицијата „Вреди“ коментирајќи дека тој е првиот и единствен Албанец со предмет во Специјалното обвинителство, каде што е обвинет за корупција, во случајот наречен Пациент.
„Пациентот Бујар Османи не може да победи против доктор Таравари, бидејќи Таравари ВРЕДИ, а Бујар лаже. Пациентот Бујар Османи не може да влее надеж кај Албанците, бидејќи ниту како министер за надворешни работи, ниту како претседавач со ОБСЕ, не виде можност ниту еднаш да излезе во одбрана на суверенитетот на Република Косово, ниту пак да ја посети. Напротив се радуваше и промовираше фотографии со Вучиќ. Пациентот Бујар Османи не може да има полна уста со Европа бидејќи тој беше првиот политичар на нашиот континент кој по руската агресија во Украина, ја отвори вратата и во Скопје ја пречека десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров. Што имаш да зборуваш за Европа кога и ја отвараш вратата на Русија?“, велат од „ВРЕДИ“.
Понатаму додаваат дека Османи не може да бара меѓународен ветинг, затоа што мора прво да почне од себеси и од пријателите, бидејќи тој и неговата партија влегоа со двете нозе во судството, а одат и до таму што инсистираат по секоја цена амнестија и враќање на Никола Груевски.
„Пациентот Бујар Османи не може да зборува и да ги злоупотребува стратешките сојузници, затоа што треба само да ги анализирате фотографиите од неговиот промотивен митинг во скромната сала Кале, каде што беше опкружен со политичари на американската црна листа, од насилници на М-НАВ, од Артан Груби – кралот на казината и партнер на српското подземје, од експоненти на ДУИ блиски до Дака Давидовиќ, од Дрин Ахмети – најмладиот милионер инвеститор и сопственик на СОРАВИА, од Перпарим Бајрами – извршител на највалканите бизниси и десна рака на Артан Груб, кој ќе биде запаметен по тоа што ги внесе онлајн казината во секој дом. Со овие луѓе од црни списоци и црни злосторства, овој ли ќе ни кажува за Америка и Европа? Пациенту, Америка не поддржува криминал и корупција, не се надевај напразно“, велат од „ВРЕДИ“.
Коалицијата најави дека во наредниот период ќе ги открие сите коруптивни афери и злоупотреби на Бујар Османи на функциите што ги водел, а такви скандали, како што велат, имало на сите функции што ги извршувал.