Измамил правно лице и си присвоил 600.000 денари: кривична за претседател на здружение на лица со телесен инвалидитет

denari-pari-780x470-640x386-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“.


Тој, во својство на претседател на меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет во општините Велес, Чашка и Градско, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, довел во заблуда правно лице од Охрид и по основ на побарана позајмица, неовластено прибавил за себе корист од 600.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK