Српската „кралица“ на естрадната авто-мафија оди во затвор

tatjana-miokovic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумата на Лепа Брена, Татјана Миоковиќ, е осудена на две години и два месеци затвор во судот во Белград, дознава „Блиц“. Таа во обвинението се товареше дека заедно со невенчаниот сопруг Зоран Јанковиќ и уште шестмина обвинети учествувала во трговија со скапи автомобили кои биле украдени во странство.


Како што дознава „Блиц“, покрај затворската казна, таа треба да плати и 300.000 динари, додека нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ е осуден на шест години и шест месеци затвор, како и парична казна од еден милион динари.

Како што потсетува Блиц, Миоковиќ и нејзиниот невенчан сопруг беа уапсени во 2015 година во голема меѓународна акција на српската, унгарската и словачката полиција под сомнение дека тие, како членови на организирана, меѓународна криминална група, биле вклучени во кражба и продажба на возила од висока класа, како и фалсификување комплетна документација.

Тогаш биле запленети 39 луксузни автомобили со погрешно напишани броеви на моторот и шасијата. Миоковиќ, која ја нарекуваа кралица на естрадната автомобилска мафија, изјави дека нема врска со купување и препродавање автомобили, туку дека го сакала истото БМВ кое го има пејачката Гоца Божиновска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK