Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 15 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар го привеле 35-годишниот гостиварец С.С., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 14 месеци, извести МВР.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје за издржување на казната.