Во интервју за руската државна новинска агенција РИА и државната телевизија Росија-1, рускиот претседател Владимир Путин ја сигнализира својата намера да ги зголеми силите долж границата со Финска.
Рускиот лидер го критикуваше пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО, објави Ројтерс.
„Ова е апсолутно бесмислен чекор (за Финска и Шведска) од гледна точка на обезбедување на сопствените национални интереси“, рече тој, додавајќи: „Немавме војници таму (на финската граница), сега ќе има. Таму немаше систем за уништување, сега ќе се појави“.