Вчера во 13.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ја лишиле од слобода 51-годишната Н.С. од Тетово, со престој во Скопје, извести МВР.
„При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја“, соопшти МВР.
Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.