(Видео) Партизаните објавија ново видео: „Уште сме во Русија, жестоко не’ гранатираат“

legija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легијата Слобода на Русија сподели видео од своите борци кои наводно се наоѓаат во селото Теткино во областа Курск. Борците на видеото тврдат дека се уште се во селото и покрај тоа што се изложени на силно гранатирање.


Тие нагласуваат како планираат да продолжат понатаму. Својот говор го завршуваат со пораката: „Слава на Украина, слава на хероите. Слобода на Русија“.

Легиите, Рускиот волонтерски корпус и Сибирскиот баталјон вчера објавија дека влегле во Белгород и Курск.

Во еден момент објавија дека го зазеле Теткино.

„Селото Теткино во Курската област е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин бега од селото оставајќи зад себе тешка техника“, гласи пораката на каналот на Легијата за слобода на Русија.

Украина загуби 234 војници, седум тенкови и три борбени возила Бредли за време на нападот на руската граница во регионите Белгород и Курск, објави потоа руското Министерство за одбрана. Тие забележаа дека „непријателите“ никаде не успеале да ја поминат границата.

Во регионот на Белгород повеќе нема украински вооружени сили, напиша синоќа гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

„Соочени сме со огромна количина лаги од нашиот непријател. Во врска со ова, сакам да кажам дека нема непријател на територијата на регионот Белгород“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK