Колеги вработени во приватна геодетска фирма од Скопје останале заробени во возило кое било цел на напаѓачи.
Според пријавеното, двајцата со автомобилот биле паркирани на подрачјето на Карпош, кога им пришле неколку лица кои со тврди предмети го оштетиле службеното возило на фирмата, додека тие биле внатре.
Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.