Реал заинтересиран за Лоренцо Браун

625x375.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид е заинтересиран за Лоренцо Браун, пренесува шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“.


Поранешниот плејмејкер на Црвена звезда има уште две години од договорот со Макаби, но со оглед на нестабилната политичката ситуација во Израел, Браун е еден од многуте странци кои сакаат предвреме да го напуштат клубот.

На ветеранот Серхио Родригез договорот со „кралскиот клуб“ му истекува на крајот од оваа сезона, а Карлос Алосен не е сигурна опција на таа позиција.

Она што дополнително ја ублажува ситуацијата со потенцијалниот ангажман на Браун за Реал Мадрид е тоа што Браун има шпански пасош, па не би бил третиран како странец на натпреварите од домашното првенство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK