Јанакиески излегува на слобода во јуни а за Мијалков ќе одлучува Кривичен суд

mile-janakievski-sudenje-titanik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и одлучил тој да излезе од затвор на 16 јуни 2024 година.


„Апелациониот суд – Скопје информира дека Кривичен совет на Судот донесе решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот М.Ј, од С., изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува“, се нагласува во соопштението.

Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст како што се појаснува во дописот, е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело.

„Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Инаку, уважувањето на жалбата на осудениот С.М. доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован“, стои во соопштението од оваа институција.

Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK