„Договорите на дело за медицинските сестри, за кои подолго време во здравствените институциите беше ветувано дека ќе бидат трансформирани во редовен работен однос не се случија“, велат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
„Напротив, како и во многу наши претходни укажувања, во меѓувреме еден дел добија продолжување на недостоинствените договори, додека пак на друг дел во текот на вчерашниот ден им беше соопштено повеќе да не доаѓаат на работа бидејќи не им се продолжени истите.
По ова известување медицинските сестри биле повикани повторно да се вратат во институциите, поради неможноста за организирање на работата, со ветување дека недостоинствените договорите ќе им бидат продолжени.
Во ваков статус на договор на дело сестрите се анагжиран на три разни начини: преку агенции, преку проекти и преку интерни правилници на здравствените институции. По сите овие начини нам се уште не ни е познато по какви критериуми истите добиваат и различен финаниски надоместок“, велат од ЗМСТАС.
„До нашата Унија пристигнаа поразителни информации дека конкретно, во Кичево, пет медицински сестри, веќе три месеци работат без продолжен договор и без финансиски надоместок.
Посебно сакаме да нагласиме дека и покрај ваквиот хаос во здравствениот систем имаме институции кои отворено продолжуваат да бараат сестри за недостоинствениот договор на дело, меѓутоа повеќе нема заинтересираност.
Оваа ситуација во којашто ја измешавме политиката со здравјето на пациентите, Унијата е загрижена за професионалноста која се испорачува во институциите.
Поради ваквите настани голем дел од образованите сестри со вештини заминаа и заминуваат од нашата земја. Останавме во здравствените институции сестринството да го браниме со срамна политичка реторика и национално пребројување.
Овој викенд се вративме од третата меѓународната конференција Балканската Асоцијација на Медицински Сестри каде токму оваа тема беше ставена на дневниот ред како голем проблем во нашата земја.
Апелираме инвестицијата во сестринството да нема транзициони периоди и политики за доброто на пациентите, како стратегија за здрава нација.
Мора да се пристапи кон решавање на статусот на сестрите во редовен работен однос и повеќе да не постои никакво отстапување, бидејќи сето ова е за доброто на сите нас.
Унијата во секое време може да понудии соодветни решенија за надминувања на проблемите“, изјави сестра Гордана Бешлиовска претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС – „ЗА НАС“.