Градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски се пожали дека неговиот син и снаа наместо извод од матичната книга на венчани лица, добиле извод од книга на умрените и денот на нивната венчавка е впишан како денот на нивната смрт.
„Скандал. Од црн по црн хумор. Замислете мојата снајка и мојот син побараа извод од матична книга на венчани чекаа два и пол часа и го добија овој извод.
Извод од матична книга на умрени.
Денот на нивната венчавка е впишан како ден на смртта. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа“, вели Јакимовски.
Потпишана е како што објасни, Дијана Антониевиќ, веројатно, како што додава, кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи „не е Албанка не може да е на ДУИ“.
„Економските причини за иселување веќе не се оние кои ги бркаат младите. Се давиме во хаос на секое поле.
Со вакви перспективни и талентирани кадри е наполнета држвната и јавната администрација.
Имаме илјадници црни хумори со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ и што е најбитно и на нив не им чини администрацијата во зависност дали се власт или опозиција.
Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго е резултат на 20 кампања и лепење плакати“, потенцира Јакимовски.