13-годишно момче со секира усмрти 12 јагниња во селото Марковац кај Вршац.
Момчето е однесено во Клиничкиот центар во Војводина на дополнителен распит, според Танјуг.
Бидејќи не наполнил 14 години, не може да сноси кривична одговорност, а во истрагата се вклучени Вишото јавно обвинителство Панчево и Центарот за социјална работа во Вршац.
Медиумите јавуваат дека момчето во понеделникот попладне влегло во просторот каде што биле јагнињата и ги убил со секира, а јагнињата биле на сопственикот на куќата во која живеело момчето со семејството.
Сопственикот го снимил видеото, а во описот навел: „Влезе 13-14 годишно дете и со секира уби 12 јагниња. Со секирата им ги скрши главите. Јасно се гледаат ударите, ни направија голема штета. Полицијата истражуваше. Генерално не се чувствувам добро“.