Ивермектин е итно повлечен од аптеките во Хрватска, се користеше за време на пандемијата

h-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лекот Ивермектин се користеше за време на пандемијата на Ковид. Хрватската агенција за лекови пишува дека сега итно се повлекува од аптеките поради нерегуларности во квалитетот поврзани со контаминација која не претставува опасност по здравјето.


Компанијата Медика, дистрибутер на кремот Soolantra (ивермектин), во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Република Хрватска, ја повлекува серија 2414239A од овој лек од хрватскиот пазар.

Во Хрватска нема лек со иста активна супстанција во иста фармацевтска форма, затоа ивермектинот ќе се купува по исклучок по барање на здравствена установа или за неопходни случаи на лекување.

Лекот Ивермектин во форма на таблети е одобрен во ЕУ за третман на некои паразитски инфекции со црви. Ивермектин е исто така одобрен како ветеринарен лек за употреба против паразити во широк спектар на животински видови.

Лековите кои содржат ивермектин не се одобрени за употреба против болеста Ковид-19.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK