Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.