Двајца индонезиски пилоти спиеле речиси 30 минути на контролите на авион кој летал за Џакарта со повеќе од 150 патници, покажуваат резултатите од истрагата, пренесуваат медиумите во регионот.
Пилотот и копилотот спиеле во исто време околу 28 минути за време на летот на авионот на компанијата „Батик Ер“, кој на 25 јануари полета од градот Сулавеси на југоистокот на Индонезија до главниот град на Индонезија, Џакарта.
За време на летот на Ербас А320, кој траеше два часа и 35 минути, нема повредени меѓу 153 патници и четворица стјуардеси, јавува Танјуг.