Денеска (09.03.2024) во 11.15 часот, по наредба за распишана потерница од Казнено поправната установа Затвор-Прилеп, од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул. „Мирче Ацев“ во Битола е лишен од слобода Н.Н.(24) од Битола, кој бил баран за издржување на вкупна казна затвор во траење од 9 години и 3 месеци, од кои што издржал 2 години и 5 месеци, за тешки кражби и разбојништва.