Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината“, спроведе анкета за тоа како би гласале граѓаните на претстојите претседателски и парламентарни избори.
Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1085 испитаници избрани според случаен метод.
Истражувањето е спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба. Маргината на грешка +-3,0%, велат од ЦРПЦ.