Во текот на изминатата вечер (08/09.02.2024) во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 15 возачи, од кои 9 во Битола, три во Прилеп, два во Македонски Брод и еден во Ресен, а откриени биле и 12 други видови прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.