Од понеделник нов начин на издавање на готови лични карти, информира МВР

Линк-МВР-денес-стави-во-функција-онлајн-проверка-на-готови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи информира дека за граѓаните на Скопје започнува со нов начин на издавање на лични карти.


Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека постапката е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава.

Затоа, од понеделник, 11.03.2024г. започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK