Путин помилува 52 осуденици на Денот на жената

Нови-британски-санкции-кон-Русија-„Тие-ги-исцрпуваат-ресурсите-што.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одлука за помилување на 52 осуденички, соопшти прес-службата на Кремљ на Денот на жената.


„При донесувањето на оваа одлука шефот на државата се водел од хуманитарни причини. Најпрво, помилувањето се однесува на жените со малолетни деца, бремените жени и жените чии роднини се вклучени во специјалната воена операција“, соопштија од прес-службата, пренесе ТАСС.

Правото на Путин како претседател да помилува осуденици е запишано во членот 89 од рускиот Устав. Рускиот закон предвидува и постапка за амнестија, која не е индивидуална. Во 2023 година, Путин зборуваше за можноста за амнестија за „одредени категории жени“ во притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK