Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Привремен-режим-на-сообраќај-на-крстосницата-на-булеварот-АСНОМ-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 09.03.2024 (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.


Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK