„Њујорк тајмс“: Воениот сојуз меѓу Украина и Америка почна да избледува

677z381_1-Ukrainian-army-65eaf086b96c3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воениот сојуз меѓу Украина и Соединетите Американски Држави покажува знаци на меѓусебно разочарување и истрошеност, имајќи предвид дека американските воени стратези се незадоволни од воената стратегија на Украина, а Киев е разочаран од недоволното количество испорачана муниција, пишува Њујорк Тајмс.


„По две години од почетокот на конфликтот, американско-украинската воена алијанса почнува да бледнее и постои чувство дека односите би можеле да бидат заглавени во некаква рутина“, се наведува во написот.

Весникот посочува дека американските воени стратези, вклучително и министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, веруваат дека Украина треба да ги концентрира своите сили на една голема битка. Наместо тоа, Киев ја губи силата во битката за градови кои, според американските власти, немаат стратешка вредност. Еден од последните примери на такви градови е Авдејевка.

Украина е се повеќе разочарана што американската парализа во политиката доведе до недостиг на муниција за армијата на фронтот, пренесува медиумот.

„Контраофанзивата не успеа. Во Пентагон некои функционери велат дека воопшто не ги сметаат за контраофанзива напорите што ги направи Украина минатото лето“, пишува весникот.

Украинската контраофанзива започна на 4 јуни 2023 година, а три месеци подоцна рускиот претседател Владимир Путин изјави дека т.н. контраофанзива не само што беше запрена, туку доживеа неуспех. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 20 февруари изјави дека само за време на неуспешната контраофанзива од 4 јуни 2023 година загинале и биле ранети 166.000 украински војници, пренесува Спутник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK