Француски компании ќе произведуваат воена опрема во Украина

francija-makron-oruzje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција планира некои нејзини производители на оружје да почнат да ја произведуваат многу потребната воена опрема директно на украинска територија за да и помогнат на земјата во војната против Русија, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.


„Три француски компании ќе воспостават партнерство со украински компании, особено во областа на беспилотни летала и копнена опрема, со цел да се произведуваат резервни делови на украинска територија, а во иднина можеби и муниција“, рече министерот.

Лекорну летово најави отворање на првите производствени единици.

Што се однесува до француските компании кои би учествувале во производството на воена опрема на територијата на Украина, тој посочи дека, меѓу другото, се работи за производителот на тенкови КНДС, заеднички холдинг на германскиот производител на оклопни возила Краус-Мафеи-Вегман и францускиот државен концерн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK