Демири: Здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички на кои треба да сме горди

ilir-demiri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство д-р Илир Демири потенцира дека здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички и соработнички, докторки, медицински сестри, болничарки на кои сите ние треба да бидеме горди.


„Тоа се нашите хероини кои неуморно работат за подобрување на квалитетот на живот на сите нас. Горд сум што во Министерството за здравство имаме многу раководителки на сектори и одделенија, државни советнички и заменик министерка кои активно учествуваат во креирање на здравствените политики. Во изминатиот период, вложивме многу во подобар здравствен третман за сите пациентки, за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата. Продолжуваме и во следниот период да ги слушаме женските организации затоа што само заеднички можеме да го зајакнеме јавното здравство. Честит 8 Март!“, се вели во честитката од Демири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK