Кошаркарите на Барселона славеа победа во Валенсија 88:78 во 28.коло, во Евролигата. Барселона ја задржа втората позција на табелата, Каталонците имаат три победи помалку од лидерот Реал.
Никола Калиниќ по натпреварот не беше задоволен од судењето, го потенцираше односот на судијата Роберт Лотермозер. Судијата од Германија, го судеше натпреварот заедно со Милан Недовиќ и Гентиан Чичи.
„Мислам дека е сосема несоодветно судијата да ми каже дека нема да им суди фаули врз мене доколку продолжам да разговарам со него и да се жалам на одлуките што ги носи. Мислам дека играчите се ѕвезди на секој натпревар. Ако и другите судии размислуваат на сличен начин, оваа прекрасна игра е во голема неволја“, нагласи Калиниќ по натпреварот.
Во следното коло Барселона на домашен терен ќе игра против Партизан, додека Валенсија ќе игра против Фенербахче.