Памела Андерсон (56) продолжува да се појавува во јавноста без шминка.
Овој пат актерката и модел позира за модниот магазин CR Fashion Book. Таа зборуваше за тоа како ја прифаќа природната убавина и се чувствува удобно во сопствената кожа. Нејзината храбра одлука да оди секаде без шминка, вели таа, била повик за автентичност во дигиталната ера.
View this post on Instagram
Сè почна кога Памела минатиот септември се појави на модна ревија на Модната недела во Париз без шминка. Таа за CR Fashion Book изјави дека „се чувствувала слободно“ за време на настанот и дека тоа го направила „за сите девојки“.
View this post on Instagram
Таа вели дека е среќна што нејзиното појавување на настанот имало позитивна порака. Андерсон размислуваше за тоа како усвојувањето нов начин на живеење ѝ помогна да создаде свој „сопствен вид на лудило“.
View this post on Instagram
„Треба да имате смисла за хумор за себе. Сега не се ни подготвувам кога ќе одам некаде. Во оваа индустрија се чувствувате како да поминувате половина живот на столчето за шминкање. Имам многу одлични пријатели, кои се шминкери, фризерки и стилисти и сите тие се важни луѓе, но секој ден се губите себеси. Убаво е да се предизвикувате себеси и да влезете во тоа лудило. Јас создавам свој вид лудило“, вели таа.