Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на Законските обврски што ги има во делот за шест месечна платена пракса на младите лекари кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава, информираат од оваа институција.
„Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата“, се прецизира во напишаното соопштение од Министерството за здравтсво.
Според МЗ, за овој заклучок од Националната Комисија за имунизација министерот за здравство Илир Демири информирал на седница на Владата, по што е испратено до Министерството за финансии и се чека одговор од ДКСК поради предизборниот период.