„Милионерите“ обезбедија пласман на клупскиот Мундијал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Борусија Дортмунд обезбедија учество на првото Светско клупско првенство со 32 клуба што ќе се одржи следната година во Соединетите Американски Држави, соопшти Светската фудбалска федерација (ФИФА).



Како што објави ФИФА на официјалниот сајт, клубот од Дортмунд обезбеди пласман на СП на клубови по елиминацијата на Лајпциг од Реал во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Борусија заедно со Баерн ќе биде вториот германски клуб на Светското првенство кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година во САД.

Ал Хилал (Саудиска Арабија), Урава (Јапонија), Ал Ахли (Египет), Видад (Мароко), Монтереј и Леон (Мексико), Сиетл (САД), Палмеирас, Фламенго (Бразил) претходно се пласираа на Светското првенство заедно со Баерн и Борусија (Германија) и Флуминенсе (Бразил), Окланд Сити (Нов Зеланд), Челзи и Манчестер Сити (Англија), Реал (Шпанија), Пари Сен Жермен (Франција), Интер (Италија), Порто и Бенфика (Португалија).

Останатите учесници ќе бидат по два клуба од Азија и Африка, еден клуб од САД, победникот на Лигата на шампионите во Северна и Централна Америка, победникот на Копа Либертадорес плус уште два клуба од Јужна Америка, по еден клуб од Шпанија и Италија, како и победникот во Лигата на шампионите.

Доколку победникот во Лигата на шампионите веќе обезбедил пласман на Мундијалот, неговото место ќе го пополни клубот кој не обезбеди пласман на Мундијалот и е најдобар на рангирањето на УЕФА во последните четири години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK