Полицајците од Неготино за првпат посетени од министер: Тошковски во работна посета и на Кавадарци

5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работни посети на ОВР Неготино и ОВР Кавадарци каде одржа состанок со раководствата на овие организациски единици.


На состаноците Тошковски беше запознаен со тековните активности и позначајните настани на подрачјето и беше потенцирано дека безбедносната состојба на двете подрачја е стабилна.

Од страна на Тошковски беше посочено дека полициските службеници во својата работа треба да постапуваат исклучиво согласно позитивните законски прописи и во интерес на обезбедување на високо ниво на безбедност на граѓаните.

Исто така, Тошковски ги посети и управните служби во Неготино каде од страна на вработените му беа презентирани проблемите со кои се соочени во секојдневното работење и беше потенцирано дека за првпат се посетени од еден министер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK