Сер Џим Ретклиф, наводно, се подготвува да намали до 25 отсто од работната сила на Манчестер Јунајтед во систематизација на работењето на клубот.
Основачот на „Инеос“, доби значително ниво на контрола на „Олд Трафорд“ откако се стекна со 27,7 отсто од акциите преку неговата инвестиција од 1,3 милијарди фунти минатиот месец.
Јунајтед има најголем број вработени во Премиер лигата, на платниот список на клубот има 1.200 луѓе.
Реткилф и „Инеос“, изградија репутација за фокусирање на квалитетот пред квантитетот со намалување на бројот на вработени по преземањето. Се чини дека нема да биде поинаку и во Јунајтед.
Според „Мирор“, Ратклиф планира да отпушти една четвртина од својот сегашен персонал, што би резултирало со околу 300 отпуштања.
Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити имаат помалку од 1.000 вработени.