Кривична за вработен во „Национални шуми“: фалсификувал службена исправа

ogrevno-drvo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ц.Ѓ.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик.


Пријавениот, вработен како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ – Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, на 03.07.2023 издал испратница за натоварено огревно дрво во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки за количина од четири кубни метри.

Подоцна, при контрола на возилото и по извршениот увид и премерување од Шумската полиција, било констатирано дека во возилото има претовар, односно дека вистински натоварената количина огревно дрво не одговара на наведената количина во издадената испратница од страна на пријавениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK