Германците се подготвени да го чекаат Клоп до март 2025 година

240126054543-01-jurgen-klopp-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој пристигна во 2015 година и му ја донесе титулата англиски и европски шампион.


Германските медиуми пишуваат за планот на Германскиот фудбалски сојуз кој ќе се обиде да го убеди славниот тренер да ја преземе репрезентацијата.

Клоп во кариерата работеше на три места, запон во Мајнц, потоа се пресели во Борусија Дортмунд, а од Германија замина во Ливерпул.

Германските медиуми пишуваат дека е голема веројатноста по Европското првенство, без оглед на резултатот, Германија да остане без селектор. Јулијан Нагелсман има договор до крајот на ЕУРО 2024, а самиот не крие дека повторно би сакал да работи во клупскиот фудбал.

Дел од медиумите тврдат дека Клоп има голема поддршка од навивачите.

„Дие Велт“ потсетува на зборовите на Клоп дека му е потребен одмор, но изразува надеж дека би можел да го води првиот натпревар на Германија во март 2025 година, а потоа да ја подготви репрезентацијата за Светското првенство следната година.

Во периодот помеѓу заминувањето на Нагелсман и доаѓањето на Клоп, репрезентацијата би ја предводел помошникот на актуелниот селектор, Сандро Вагнер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK