Кремљ: Русија не ги признава налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд

Кремљ-е-незадоволен-од-потегот-на-Варшава-„Трансферот-на-полски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Москва не ја признава одлуката на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налози за апсење на високи руски офицери, соопшти Кремљ.


„Ние не сме потписници на статутот, не го признаваме. Ова не е прва одлука, знаеме и дека има разни затворени процеси кои се држат во тајност“, изјави на прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува агенцијата РИА Новости.

Вчера, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на двајца високи руски команданти, Сергеј Иванович Кобилаш и Виктор Николаевич Соколов, под обвинение дека тие наводно извршиле воени злосторства во Украина во периодот од 10 октомври 2022 година до 9 март 2023 година.

„Сергеј Кобилаш, генерал-полковник на руските вооружени сили, кој во соодветно време беше командант на авијацијата на Воздухопловните сили и Виктор Соколов, адмирал во руската морнарица, кој беше командант на Црноморската флота, се одговорни за воените злосторства за насочување напади врз цивилни објекти и предизвикување прекумерна штета на цивили“, се вели во соопштението.

Се додава дека двајцата се товарат и за злосторства против човештвото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK