Три лица се исчезнати, а 18 се повредени во експлозија во котларата на електраната и топланата Шагонар во оддалечениот регион Тува во Русија, изјави регионалниот лидер Владислав Ховалиг.
In Tuva Russia, a powerful explosion occurred at a thermal power plant, at least 18 people were injured 🤷
According to Russia, all four boilers are okay 🤷 pic.twitter.com/wfPI7FGruW— Kvist.P💙💛❤️🇩🇰 (@kvistp) March 6, 2024
Шест лица се во тешка состојба, напиша Ховалиг на апликацијата за пораки Телеграм. Пожарот кој избувна во зградата е локализиран и ставен под контрола.
Не се пријавени смртни случаи, а причината за несреќата допрва ќе се утврдува, рече Ховалиг.