Левица: Кадарот на ЛДП, Валентин Груевски ги доведе во пропаст „Македонски шуми“

430835808_979335580216173_5774566475112624219_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Левица оценува дека состојбата во јавното претпријатие „Македонски шуми” е доведена на алармантно ниво на Македонија, каде работниците се заканија со генерален штрајк, доколку не се исполнат нивните барања.


Според оваа партија, директорот од ЛДП, Валентин Груевски наместо ова профитабилно претпријатие да го доведе до рентабилно работење, Груевски со предизборни партиски вработувања продолжува да ги задолжува „Македонски шуми”.

„Очигледно граѓаните плаќаат за метар кубен дрва и до 4.000 денари, за Груевски да го пренатрупува претпријатието со партиски неподобен кадар, а за постоечките работници нема да исплати ни придонеси!

Јасно е дека коалицијата на СДС тоне во корупција и криминал и затоа ваквите неспособни кадри никој не ги разрешува, туку добиваат поддршка од власта. Токму ваквите таканаречени мали партии, кои се дел од секоја власт, а никогаш не излегле сами на избори, го руинираат македонското општество. Затоа Левица е единствена партија која е против предизборни коалицирања, со цел ваквите паразитски партии, чија единствена политичка сила се партиските вработувања да исчезнат од политичката сцена“, велат од Левица.

Иронијата да биде поголема е што, како што додаваат, токму со насилничкиот Преспански договор, ова јавно претпријатие се преименува од „Македонски шуми” во „Национални шуми”.

„Со ова, квинслишката власт на СДС и ДУИ единствено што постигна е бришење на македонскиот идентитет, додека и со новото име, претпријатието тоне во долгови и корупција.

Левица го повикува ОЈО да влезе во просториите на „Македонски шуми” со цел да го истражи расипничкото работење на директорот Валентин Груевски, кој додека ги поскапува услугите, очигледно нема пари да ги исплати платите на работниците“ се потенцира во реакцијата на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK