Нови се појави на листите за собирање потписи во трката за кандидат за претседател на државата.
„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, велат од ДИК.
Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата.
ВМРО-ДПМНЕ официјално на конгрес ја потврди поддршката за Гордана Силјановска-Давкова, а СДСМ за реизбор на актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски. И двајцата, и покрај загарантираниот влез со 30 пратеници, собраа и над 10.000 граѓански потписи.
Претходно, потребниот број потписи го собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Максим Димитриевски – кандидат на ЗНАМ Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.
Рокот за собирање на потписи истекува на 8 март, на полноќ.