Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседателка на ДПМНЕ, е реприза на Ѓорѓе Иванов, оценуваат од СДСМ.
„ДПМНЕ, со Силјановска Давкова нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ.
Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, со што целосно се докажа и како антиевропски политичар.
ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје“, додаваат од владејачката партија.
Со ДПМНЕ, каком што велат, нема ЕУ ниту за 100 години.
„Изборот пред граѓаните е јасен.
Напред по европскиот пат на просперитет со Пендаровски или назад во изолација со Силјановска“, се истакнува во нивната реакција.